SportM
Други

Македонскиот боксер Рустемовски со нокаут избори пласман во полуфинале на Медитеранските игри!

Редакција25 авг 2026
Македонскиот боксер Рустемовски со нокаут избори пласман во полуфинале на Медитеранските игри!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше успешен старт на Медитеранските игри во Таранто, совладувајќи го Албанецот Ариол Зенели во денешната четвртфинална борба во категоријата до 60 килограми.

Рустемовски беше супериорен во рингот и обезбеди пласман во полуфиналето со технички нокаут во третата рунда.

Противник на македонскиот боксер во полуфиналната борба за медал ќе биде Шпанецот Марин Ернандез.

Полуфиналната борба е закажана за утре, со почеток во 15 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.