Македонскиот репрезентативец може да го облече дресот на Барселона! (ВИДЕО)

Големите промени во тимот на Барселона веќе започнаа.
Каталонскиот великан сака да направи бројни промени во тимот и управата на клубот веќе почна да го решава крстозборот за остатокот од сезоната.
Веќе се отпишани неколку играчи, а дресот на Барса во вториот дел од сезоната нема да го носи холандскиот напаѓач Лук де Јонг.
31-годишниот фудбалер пристигна на позајмица од Севиља на барање на поранешниот тренер Роналд Комен, но се покажа како неуспех.
Де Јонг не покажа ништо во дресот на Барселона и на 12 одиграни натпревари постигна само еден гол.
Негов нов тим треба да биде Кадиз. Овој тим се договори со Барса и Севиља околу Де Јонг и останува играчот да се согласи за трансферот.
Голманската позиција на Барселона наскоро би можела да биде посилна со одличниот голман на Македонија и Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски.
Репрезентативецот на Македонија брани фантастично во мадридскиот клуб и го привлече вниманието на Барселона.
Тој наводно е веќе во градот и нема да биде изненадување доколку Димитриевски направи животен трансфер.
Одличниот 27-годишен фудбалер во кариерата има настапувано за Гимнастик, Гранада и Работнички.
Исто така, треба да се напомене дека во понеделник нов играч на Барса ќе биде Феран Торес, кого каталонскиот гигант го купи од Манчестер Сити за 55 милиони евра.



