SportM
Фудбал

Македонските фудбалерки денеска против Косово во Лигата на нации

Д М27 окт 2023
Македонските фудбалерки денеска против Косово во Лигата на нации

Македонската женска фудбалска репрезентација денеска во Скопје ја пречекува селекцијата на Косово во рамки на вториот натпревар во новоформираната Лига на нации.

Дуелот закажан со почеток во 13 часот на ФФМ тренинг комплексот „Петар Милошевски“ е во рамки на групата 5 во Ц-дивизијата во која македонските фудбалерки во воведното коло претрпеа пораз од Бугарија на домашен терен со 1-0.

За денешниот натпревар селекторот Кирил Изов повика 24 фудбалерки меѓу кои отсуствува капитенот Наташа Андонова.

Реваншот против Косово е на програмата на 31 октомври на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, а во завршното коло македонските фудбалерки гостуваат во Бугарија на 5 декември.

Пласман во Б-дивизијата во Лигата на нации од групата 5 ќе обезбеди само првопласираната репрезентација.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.