SportM
Фудбал

Македонските фудбалерки до 19 години со победа стартуваа во Лигата на нации

E R25 ное 2025
Македонските фудбалерки до 19 години со победа стартуваа во Лигата на нации

Фото: tv21m

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години попладнево во Струмица ја совлада Грузија со 3-0 (1-0) во воведниот натпревар во групата 5 во Б дивизијата во Лигата на нации за пласман на Европското првенство 2026.
Избраничките на селекторот Кирил Изов одиграа квалитетен натпревар на стадионот „Младост“и заслужено дојдоа до премиерната победа со головите на Митковска (31 минута), Грозданова (50) и Попески (83).
Во вториот натпревар од групата, Словенија на стадионот „Кукуш“ во Турново го совлада Азербејџан со 2-0.
Македонските фудбалерки во второто коло ќе играат против Азербејџан, в петок со почеток во 12 часот, а во истиот термин на 1 декември во завршното коло противник ќе им биде словенечката репрезентација.
Пласман во А дивизијата и продолжување на квалификациите за пласман на Европското првенство ќе обезбеди првопласираната репрезентација во групата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.