Македонските кошаркарки со една промена во составот за дуелот со Хрватска
Редакција17 ное 2025

Женската македонска кошаркарска репрезентација утре го игра третиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2027 година. По двата домашни дуела со Данска и со Грција, избраничките на селекторот Александар Ашаданов и гостуваат на Хрватска.
Стручниот штаб се реши повторно за една промена во „ростерот“, па така меѓу 12-те кошаркарки се враќа Јана Пислевска. Во Скопје остана Теа Трајковска, која настапи на дуелот со Грција, како и Мартина Маркоска, која пак остана без настап на двата дуела.
По двете кола во групата „Ф“ сите четири репрезентации имаат по една победа и еден пораз. Македонските кошаркарки дуелот со Хрватска го играат во Славонски Брод, а почетокот е во 18 часот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



