Македонското МНР им одговори на Грците: ФФМ нема обврска да го менува своето име

Фудбалската федерација на Грција, вчера испрати жалба до УЕФА, поради дресот со кој ќе настапи Макдеонија на Еуро 2020.
На следниот линк, прочитај повеќе поврзано со жалбата на Грција до УЕФА.
ШОК! Грција со жалба до УЕФА, зошто нема Северна на македонскиот дрес!
Денеска, македонското МНР им одговори на Грците, министерсот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција, посочи дека Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е независна организација и нема обврска да го менува своето име.
„Фудбалската федерација на Македонија е независна организација која што во Централниот регистар е регистрирана како здружение кое не добива државни пари. Прашањето за името се однесува на државните институции, организации и здруженија кои добиваат пари од државата. Тоа значи дека ФФМ нема обврска да го менува своето име. Имаме посебни комисии кои се задолжени за Преспанскиот договор, тие се задолжени за трговските марки и тие ги дефинириаат, како што е краткото име на државата, односно кодот е МК и МКД. Во последно време имаше реакции зошто не е НМ или НМК, но таков договор имаме постигнато само за регистарските таблички, а не и за другите работи“, вели Османи.



