SportM
Фудбал

Малдини сакал да го избрка Пиоли и да го доведе Пирло?

Д М7 јун 2023
Малдини сакал да го избрка Пиоли и да го доведе Пирло?

Главна тема во Италија и натаму е заминувањето на Паоло Малдини од Милан. Се уште се бараат причините за конфликтот со првиот човек на клубот Кардинале, а се попопуларната теза е дека Малдини сакал да го замени Пиоли и да го доведе поранешниот соиграч Пирло.

Оваа теза ја објави „Кориере дело спорт“ Минатата сезона со Пирло раководеше Фатих Карагумрук, но сега е слободен. Инаку, Пирло му беше соиграч на Малдини во Милан.

Во италијанскиот печат има се повеќе написи во кои се нагласува конфликтот помеѓу Паоло Малдини и тренерот на Милан Стефано Пиоли, иако самиот Малдини истакна дека речиси и да нема подобар тренер за Милан од Пиоли.

Сепак, Малдини на крајот си замина, а Пиоли остана.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.