Малдини тврди дека Ибрахимовиќ подготвува ново изненадување

Директорот на Милан, Паоло Малдини тврди дека искусниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ се уште нема да се пензионира.
Ибрахимовиќ пред неколку дена ја освои титулата со Милан, но долго се шпекулираше дека ова му е последна сезона.
„Ми рекоа дека нема намера да се пензионира. Ќе се обидеме да најдеме заеднички јазик за новиот договор“, рече Малдини.
Милан по 11 години е шампион, а Ибрахимовиќ на 23 натпревари постигна осум гола.
По трофејот пристигнаа лоши вести за шведскиот напаѓач со оглед на тоа дека поради операција на коленото ќе мора да отсуствува околу осум месеци.
Доколку го продолжи договорот, сигурно ќе го пропушти првиот дел од сезоната.
Да потсетиме, Милан заврши како шампион, додека Интер е на второто место со 84 бодови, а Наполи освои 79.



