Малку незгодно-На прошталниот меч противникот сакаше селфи со Меси, а погледнете ја неговата реакција (ВИДЕО)

Прошталниот натпревар на Лионел Меси од репрезентацијата на Аргентина го одбележа и една необична ситуација, во која славниот фудбалер ги загуби нервите поради противнички играч.
По рутинската победа на „Гаучосите“ над репрезентацијата на Бенин со резултат 3:0, гостите по секоја цена сакаа да создадат спомен со фудбалскиот генијалец.
Неколку репрезентативци на африканската селекција веднаш ги извадија мобилните телефони, а еден од нив беше особено упорен во следењето на Меси по теренот.
Капитенот на Аргентина во почетокот го игнорираше нападното однесување, обидувајќи се на мир да го прослави својот последен натпревар во националниот дрес.
Сепак, фудбалерот на Бенин не се откажуваше и продолжи агресивно да го следи, што на крајот предизвика остра реакција кај инаку смирениот Аргентинец.
🚨Messi furious after a Benin player requested a photo together with him https://t.co/Gq0xQZkbKA
— Bet105 (@bet_105) October 7, 2026
Видно изнервиран, Меси во еден момент го одгурна, јасно ставајќи му до знаење дека сака простор за прослава со својот тим.
„Пушти ме“, му кажа капитенот на Аргентина, што јасно го забележаа и камерите на стадионот, па снимката брзо почна да кружи на социјалните мрежи.
Сепак, овој момент на нервоза беше само мал детал кој не ја наруши величествената атмосфера пред повеќе од 90.000 навивачи.
Легендарниот фудбалер ја заврши својата блескава репрезентативна кариера во препознатлив стил, постигнувајќи еден гол и забележувајќи две прекрасни асистенции.



