Манчестер Јунајтед направи нова понуда за Кинг

Манчестер јунајтед е подготвен да даде нова понуда за трансфер на напаѓачот на Бурнемаут, Џошуа Кинг, откако првата понуда на клубот беше одбиена од ривалот во Премиер лигата.
Манчестер јунајтед сака да доведе напаѓач пред истекот на јануарскиот рок во петок во 24:00 часот. Тренерот Солскјер сака засилување во делот за напад поради повредата на Маркус Рашфорд.
„Знам што му значи на Манчестер Јунајтед, па затоа мора да почекаме и потоа ќе видиме што се случи“, рече тренерот на Бурнмаут, Еди Хауе во петокот.
Кинг играше под водство на Солскјаер како дел од резервниот тим на Манчестер Јунајтед, но тој не беше промовиран во првиот тим на „црвените ѓаволи“.
Бурнмаут ја отфрли првата понуда на Манчестер Јунајтед, бидејќи директорите сметаат дека Кинг е клучен за потрагата на клубот да преживее во Премиер лигата. Сепак, според „Скај Спортс“, Манчестер Јунајтед е подготвен да направи втора понуда за да го врати на „Олд Трафорд“.
„Тој е играч што Манчестер Јунајтед доста го познава – тој излезе од клупската академија. Солскјер добро го знае тоа. Јас не би бил изненаден ако тој се врати“, изјави известувачот на „Sky Sports“, Џејмс Купер.
28-годишниот фудбалер е еден од најважните играчи на Бурнмут, откако на своите 151 настапи постигна 45 голови.
Доколку Манчестер Јунајтед постигне договор за трансфер на Кинг, Блекбурн би освоил 20% од сумата.
Во меѓувреме, и покрај повторените обиди на Манчестер Јунајтед за трансфер на нов напаѓач, клубот ја одби можноста да го пренесе напаѓачот на Реал Сосиедад, Вилијан Жозе.



