SportM
Фудбал

Манчестер Јунајтед постигна договор со португалскиот играч од средниот ред

Д М13 јан 2020
Манчестер Јунајтед постигна договор со португалскиот играч од средниот ред

Манчестер јунајтед постигна договор со португалскиот играч од средниот ред Бруно Фернандес за трансфер во јануари. На Португалецот му е понуден петгодишен договор на „Олд Трафорд“.

За да се постигне оваа зделка, агентот на Бруно и претставниците на Манчестер Јунајтед се состанаа неколку пати во последните неколку дена.

Договорот со кој се согласија двете страни ќе го задржи 25-годишниот фудбалер во Манчестер Јунајтед до 2025 година.

Сега сè што останува е согласноста на португалскиот клуб да го продаде својот играч. Англиските медиуми веќе пренесуваат дека Манчестер Јунајтед контактирал со Спортинг и му кажал за желбата на играчот да игра во Премиер лигата.

Англискиот клуб ќе се обиде што поскоро да постигне договор со клубот и да го комплетира овој трансфер бидејќи му треба засилување во средниот ред, причина за тоа се некои повреди.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.