Ман. Јунајтед се насочува кон „италијанецот“ од Германија. Чини 50 милиони евра
SPORTM.mk30 јул 2026

Манчестер Јунајтед го идентификуваше Николо Трезолди како идеално засилување за нивниот напад за новата сезона. Според VoetbalNieuës, „Црвените Ѓаволи“ започнаа преговори со Клуб Бриж, кои нема да бидат воопшто лесни.
21-годишникот блескаше во минатата сезона со 23 голови и 9 асистенции во 58 натпревари. Трезолди е роден во Италија, но во 2017 година се пресели со семејството во Хановер и оттогаш ги претставува младинските состави на Германија.
Трезолди има договор со Клуб Бриж до 2029 година, но неговото заминување од клубот ова лето е скоро сигурно. И најверојатна дестинација за 21-годишникот во моментов изгледа дека е Манчестер Јунајтед. Трошокот за трансферот се проценува на околу 50 милиони евра.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



