SportM
Ракомет

Манасков суспендиран три месеци!

Редакција16 дек 2025
Манасков суспендиран три месеци!

Дисциплинската комисија при РФМ ги одреди казните за немилите случувања по завршувањето на дербито на 17.коло меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер одиграно во неделата во салата „Билјанини Извори“.

Играчот на шампионот Дејан Манасков е казнет со забрана на настап во траење од три месеци, што значи дека првиот дел од сезоната за него е завршена. Тренерот на Охрид Крсте Андоновски доби казна од три натпревари (првенствени и куп).

На двата клуба им е изречена казна од по 45.000 денари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.