Манчестер Јунајтед го декласираше Евертон, Бруно Фернандеш постигна спектакуларен гол (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед го совлада Евертон со 4-0 во прелиминарните натпревари на „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ одиграа одличен натпревар против Евертон и на вистински начин ја најавија новата сезона, која започнува следниот викенд.
Првиот гол беше постигнат по осум минути игра. Голманот на Евертон, Жордан Пикфорд прави голема грешка што ја искористи Мејсон Гринвуд и постигнува гол за 1:0.
https://streamable.com/87nrop
Седум минути подоцна, веќе е 2:0. Лук Шо погоди од корнер, а Хари Мегваер денеска го постигна вториот гол за Јунајтед.
https://streamable.com/qcisfc
Во 29. минута видовме спектакл во режија на Бруно Фернандеш. Португалецот ја постави топката на 25 метри од голот, а потоа феноменално ја погоди мрежата на Пикфорд за 3:0.
https://streamable.com/14tt0e
Овој резултат остана на семафорот до завршување на натпреварот, кога Јунајтед стигна до четвртиот гол. Со многу среќа, Далот го победи Асмир Беговиќ, кој потоа постигна гол за конечен резултат на натпреварот од 4:0.
https://streamable.com/os3pq2
Манчестер Јунајтед ја отвора новата сезона во Премиер лигата на Олд Трафорд против Лидс, додека Евертон го чека Саутемптон.



