Манчестер Јунајтед го гледа Саутгејт како иден тренер

Актуелниот тренер на Англија би можел да ги води „црвените ѓаволи“ од следната сезона. Манчестер јунајтед минува прилично бледо издание под водство на Солскјер.
Тренерот на Англија, Саутгејт е еден од кандидатите што може да го преземе Манчестер Јунајтед од следната сезона.
Веста ја објави британскиот медиум, „The Sun“.
Сегашниот тренер на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјаер, се најде под притисок по лошите резултати оваа сезона. Поради ова, норвешкиот тренер би можел да биде разрешен.
Јунајтед моментално е на 10-та позиција во Премиер лигата, започнувајќи ја својата најлоша сезона од 1988 година.
Саутгејт би можел да биде прогласен за тренер на Јунајтед, доколку ја напушти Англија по крајот на Евро 2020.
Опција на Јунајтед е и италијанскиот тренер Масимилиано Алегри.



