SportM
Фудбал

Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на Ешли Јанг

Д М17 јан 2020
Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на Ешли Јанг

Ешли Јанг дефинитивно преминува во Интер и нема повеќе дилеми.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Солскјер потврди дека Јанг е на работ на потписот за Интер. Искусен дефанзивец веќе е во Милано каде ги договори конечните детали.

Интер, го купи Ромелу Лукаку од Јунајтед ова лето, а исто така во моментов го има и Алексис Санчез на позајмица.

Солскјер рече дека е најдобро Ешли да замине бидејќи клубот не бил подготвен да му даде двегодишен договор, бидејќи летово наполни 35 години.

„Тој беше лојален, освојувајќи трофеи, но време е Ешли да проба нешто ново“, рече Солскјаер.

Јанг одигра 202 натпревари за Јунајтед и собра уште 59 настапи како замена, постигнувајќи 19 голови.

Јунајтед ќе добие одреден надоместок од Интер за трансфер на искусниот бек бек.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.