Манчестер Јунајтед носи големо засилување како замена за Рашфорд

Манчестер јунајтед е во голема неволја поради Маркус Рашфорд кој ќе биде надвор од терените најмалку три месеци.
Рашфорд го повреди стапалото во мечот против Вулверхемптон, а од клубот соопштија дека тој ќе има долга пауза. Ова е голем проблем за „црвените ѓаволи“ затоа што Рашфорд е најдобриот играч на Јунајтед оваа сезона.
Останаа десет дена до крајот на преодниот рок, а Јунајтед сакаат да донесат нов напаѓач. Солскјер изјави дека има опција и дека некој ќе дојде на позајмица, но целта беше да се купи подобар напаѓач.
Англиските медиуми објавија дека мета на Јунајтед е Муса Дембеле од Лион, која летово се поврзуваше со овој клуб. „Црвените ѓаволи“ веќе контактираа со Лион и испратија понуда.
Манчестер Јунајтед е подготвен да плати околу 45 милиони евра за Дембеле, кого го сметаат за совршена замена за Раршфорд. Но, дали Лион ќе се согласи да продаде еден од најдобрите играчи на тимот останува да се види.



