Манчестер Јунајтед работи на извонреден договор со Реал Мадрид
SPORTM.mk26 авг 2026

Манчестер Јунајтед не само што не се откажа од идејата за трансфер на Едуардо Камавинга, туку работи на официјален предлог кон Реал Мадрид и самиот играч.
Радио Кадена СЕР открива дека англискиот клуб подготвува понуда од 50 милиони евра за францускиот играч од средниот ред. Минатата сезона, Камавинга беше еден од најкритикуваните играчи и неговата форма остави многу простор за подобрување.
Во оваа ситуација, во Реал Мадрид не се противат на неговото заминување, но чекаат само соодветна понуда. Од друга страна, Мајкл Керик многу го симпатизира Французинот и постојано инсистира кај раководството да го направат трансферот.
Последните денови на трансфер периодот ќе бидат многу „жешки“ и интензивни на релација Манчестер-Мадрид.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



