SportM
Фудбал

Манчестер Јунајтед се пишмани, сака да го врати играчот на кој му дозволи да замине за 30 милиони евра

SPORTM.mk8 окт 2026
Манчестер Јунајтед се пишмани, сака да го врати играчот на кој му дозволи да замине за 30 милиони евра

Скот Мактоминај ја игра својата трета сезона во Серија А, која би можела да биде и последна. Скај Спорт открива дека Шкотланѓанецот може да се врати во Премиер лигата на крајот од оваа сезона, по интересот од неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед и Астон Вила.

“Црвените Ѓаволи” очигледно се покајале што му дозволија на Мактоминај да замине во летото 2024 година за 30 милиони евра и сакаат да го вратат играчот од средниот ред повторно назад, поради неговата фантастична форма што ја покажува во Серија А.

Шкотланѓанецот е под договор со Наполи до 2028 година. За да не го ризикуваат неговото заминување без компензација една година подоцна, Наполи може да прифати негово заминување на крајот од тековната сезона. Неговата актуелна вредност на пазарот според Трансфермаркт е 40 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.