Манчестер Јунајтед со метални бариери кои ќе помогнат во безбедноста на навивачите за време на натпреварите
Д М29 апр 2020

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед доби дозвола од локалната општина да инсталира 1.500 бариери во посебен сектор на „Олд Трафорд“, потврди англискиот клуб.
Минатата година управата на „црвените ѓаволи“ ја презеде организацијата за реновирање на дел од својот клупски стадион, што ќе биде специјално наменет за фановите кои ќе стојат.
Малиот и посебен сектор се наоѓа на северо-источниот дел на „Олд Трафорд“.
Металните бариери ќе помогнат во безбедноста на навивачите за време на натпреварите.
Со години раководството на Јунајтед следи на кои делови од стадионот навивачите почесто се на нозе за време на натпреварите.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



