Манчестер Јунајтед со победа над Брајтон се издигна 7 позиции на табелата
Д М10 ное 2019

Манчестер Јунајтед одлично го започна натпреварот, два гола во првото полувреме беа постигнати во рок од неколку минути, а истото се случи и во второто полувреме на „Олд Трафорд“, каде домаќините славе со 3-1.
Андрес Переира го отвори резултатот со гол во 17. минута за водство на домаќините, додека со авто голот на Дави Пропер во 19. минута Јунајтед го зголеми водството на 2-0.
Во второто полувреме, во 64. минута гостите го намалија водството на 2-1, со гол на Луис Данк, но само по две минути игра, односно во 66. минута Рашфорд ги постави конечните 3-1.
Оваа победа значи многу за Јунајтед, тие се издигнаа 7 позиции на табелата во Премиер лигата, сега се наоѓаат на 7. позиција со освоени 16 поени по одиграни 12 кола.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



