SportM
Фудбал

Манчестер Сити го официјализира трансферот на младиот бек од Белгија

Д М29 јул 2020
Манчестер Сити го официјализира трансферот на младиот бек од Белгија

Се чини дека првото „вистинско“ засилување на Манчестер Сити ќе биде фудбалерот на Валенсија, Феран Торес, чиј трансфер вреди (вкупно) нешто повеќе од 35 милиони евра, наводно, веќе бил договорен.

Додека чекаше да се официјализира трансферот на Торес, Сити го заврши трансферот „за иднината“.

Имено, денес беше официјално потврдено дека младиот Иса Каборе стана играч на Манчестер Сити.

19-годишниот лев бек, интернационалец од Буркина Фасо, го донесе Сити од Мехелен, Белгија, но засега нема информации за висината на надоместокот.

Каборе нема да патува во Манчестер веднаш бидејќи Граѓаните го оставаат на едносезонски заем во Мехелен. Патем, тој потпиша петгодишен договор со Манчестер Сити.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.