SportM
Фудбал

Манчестер Сити го победи Вотфорд на Етихад со четирите гола на Габриел Жесус

Д М23 апр 2022
Манчестер Сити го победи Вотфорд на Етихад со четирите гола на Габриел Жесус

Фудбалерите на Манчестер Сити денеска на домашен терен го победија Ватфорд со 5:1 во натпреварот од 34. коло на Премиер лигата.

Сити одлично го отвори натпреварот и поведе во четвртата минута кога Габриел Жесус по асистенција на Зинченко погоди за 1:0.

 

Бразилецот беше во центарот на вниманието во 23. минута кога погоди за 2:0, а овојпат асистенцијата ја забележа Кевин де Бруин. Вотфорд успеа да се врати во мечот барем во моментот кога во 28. минута Камара намали на 2:1.

 

Сепак, славјето на гостите кратко траеше бидејќи само шест минути подоцна Манчестер Сити поведе со 3:1, а овојпат Родри постигна гол.

 

Се беше решено на овој меч на почетокот на вториот дел благодарение на големиот Габриел Жесус денеска. Бразилецот погоди за 4:1 во 49. минута, за само четири минути подоцна да го постигне својот четврти гол во натпреварот за конечни 5:1.

 

Сити по оваа победа остана прв на табелата со 80 бодови и има четири бода, но и натпревар повеќе од Ливерпул, кој утре го игра градското дерби против Евертон.

 

Денеска победи и Њукасл кој на гостински терен го совлада Норич со 3-0. Два гола за „страчките“ постигна Џолинтон, додека конечните 3-0 ги постави Гимараеш.

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.