SportM
Фудбал

Манчестер Сити и Милан подготвени за размена на играчи во јануари

Д М28 дек 2022
Манчестер Сити и Милан подготвени за размена на играчи во јануари

Раководството на Манчестер Сити е подготвено да го понуди Џек Грилиш на тимот од Милано во замена за португалскиот фудбалски репрезентативец Рафаел Леа.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е незадоволен од настапите на Гралиш, кој во 2021 година беше платен на Астон Вила над 100 милиони евра.

Британските медиуми тврдат дека раководството на Милан е заинтересирано за Грилиш веќе неколку месеци.

Челниците на италијанскиот клуб планирале да испратат барање до Сити за позајмица на англискиот фудбалер до крајот на сезоната.

Сепак, раководството на Сити размислува за трансфер, бидејќи сака да го испрати Гралиш во Милан во замена за Леа, кој се уште не го продолжил договорот со италијанскиот клуб.

Тој има договор со Милан до јуни 2024 година.

Леао бара од Милан годишна плата од десет милиони евра, но челниците на „Росо-Неро“ не сакаат да го прифатат барањето на овој фудбалер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.