Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити ја испрати првата понуда за Меси: 150 милиони евра и двајца играчи

Шпанските медиуми вечерва пишуваат дека Манчестер Сити ги започна првите преговори со Барселона околу Лионел Меси.

Поради лошите односи со челниците на клубот, Меси вчера побара да го напушти „Камп Ноу“, што ги шокираше навивачите на Барселона. Тој целата своја кариера ја помина досега во Барселона, но се чини дека тоа заврши.

Меси сега е во голема мерка поврзан со Манчестер Сити кој покажаа голема желба да го доведе во своите редови. Единствениот проблем е што откупната клаузула на Меси е 700 милиони евра, но се чини дека Жосеп Марија Бартомеу е подготвена да преговара за цената на Меси.

Англиските медиуми вечерва објавија дека Сити ги водел првите преговори со Барселона, и дека им испратиле понуда за Меси и сега чекаат одговор од каталонскиот клуб.

loading...

Наводно Сити е подготвен да плати околу 150 милиони евра за Меси, и да испрати двајца играчи во спротивна насока, Ерик Гарсија и Анџелино.

Ќе биде интересно да се види што ќе одлучат челниците на Барселона, кои се сретнаа вечерва во клупските простории, а секако главна тема е заминувањето на Меси.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com