Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити казнет со исфрлање од Лигата на шампионите во наредните две години!

Објавено:

Европската фудбалска федерација го казни Манчестер Сити со исфрлање од Лигата на шампионите во наредните две години.

УЕФА ги казни Сити поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј (ФФП), со исфрлање од елитното натпреварување во наредните две години и казна од 30 милиони евра.

„По сослушувањето на 22 јануари, контролното тело на УЕФА денес го извести Манчестер Сити за донесената одлука. По сите докази, јасно е дека Манчестер Сити прекршил голем број правила помеѓу 2012 и 2016 година. Клубот исто така не соработуваа во истрагата и затоа ќе биде исклучени од учеството во натпреварите на УЕФА во наредните две години и дополнителни 30 милиони евра“, соопштија од УЕФА.

Клубот сигурно ќе поднесе жалба поради оваа одлука и ќе видиме дали на крајот ќе донесат поинаква одлука.

 

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама