Манчестер Сити останува без настап во Лигата на шампионите поради коронавирусот

Коронавирусниот хаос во фудбалскиот свет направи вистински проблем за Манчестер Сити.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) неодамна го казни Сити со две години забрана за европските натпреварувања, а како што се очекуваше, англискиот шампион веднаш се жалеше до Судот за спортска арбитража во Лозана (CAS).
Сепак, пандемијата на коронавирус ги запре сите процеси во Лозана. Веќе се откажани три рочишта и КАС има дури 16 рочишта до 18 мај и случајот на Сити сè уште е во тек.
Генералниот секретар на КАС, Матије Риб, во изјава за Ројтерс рече дека сè следи внимателно, но и дека сите се прилагодуваат на сегашната состојба.
„Сослушувањето во кое двете страни се договорени да учествуваат ќе се одржи. Меѓутоа, ако страните се во регионите погодени од коронавирусот, ние им понудивме можност да бидат сослушани по телефон или видео-врска, но исто така и одложување за подоцен датум”, рече Риб.
Доколку одлуката не биде донесена до крајот на сезоната, Сити сигурно нема да игра во Лигата на шампионите, но прашање е што ќе се случи на крајот, со оглед дека останува под знак прашалник и остатокот од сезоната во Премиер лигата.
Одлуката на УЕФА да го стопира Сити е сè уште во сила и веројатно е дека КАС нема да ја заврши работата до лето.
Ова значи дека нема да ги гледаме „граѓаните“ во Лигата на шампионите следната сезона, но секогаш постои можност УЕФА да ја промени својата одлука поради фактот што процесот на жалба не заврши.



