SportM
Фудбал

Манчестер Сити повторно лидер, Лидс немаше апсолутно никакви шанси против машината на Гвардиола

Д М30 апр 2022
Манчестер Сити повторно лидер, Лидс немаше апсолутно никакви шанси против машината на Гвардиола

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Лидс на Еланд Роуд во натпреварот од 35. коло од ПЛ со 4:0.

Граѓаните без поголеми проблеми го добија ова гостување, па на четири кола пред крајот повторно се први на табелата со бод предност во однос на Ливерпул.

Сити во следното коло ќе го пречека Њукасл, а со оглед на распоредот до крајот, прашање е дали некој навистина може да им ги наруши плановите и да ги спречи на патот до титулата?

Одбраната на Лидс капитулираше по само 13 минути кога Родри постигна гол за 1-0, што беше резултат на првото полувреме.

Во продолжението од натпреварот Аке, Габриел Жесус и Фернандињо постигнаа по еден гол и им донесоа убедлива победа на Граѓаните пред реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

За потсетување, Сити по првиот натпревар има гол предност (4:3) и реално е да ги очекуваме во финалето на Лигата на шампионите, а избраниците на Пеп Гвардиола ќе се обидат да победат до крајот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.