SportM
Фудбал

Манчестер Сити случајно испрати понуда до Лионел Меси

Д М26 дек 2019
Манчестер Сити случајно испрати понуда до Лионел Меси

Поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Гари Кук откри за англиските медиуми дека овој клуб случајно испратил понуда до Лионел Меси.

Поточно тој тогаш ја испрати понудата. Таа изнесуваше 70 милиони фунти, а Кук беше тој што ја испрати понудата во 2008 година на бизарен начин.

Во тоа време, сопственик беше Таксин Шинаватра, а Кук со неговата десна рака Паиро Пимпонџант разговараше за трансфер чиј акцент му направи огромни проблеми.

„Пајрој разговараше со мене на телефон додека го масираа. Тој викаше на лош англиски  ‘yes, yes, yes, very messy, messy, it’s getting messy’. Мислев дека ми рече дека треба да го донесеме Меси“, вели Кук :

 
„На крајот, испративме понуда до Меси. Тие ме повикаа од Премиер лигата и ме прашаа дали сум испратил официјална понуда за Меси од 70 милиони фунти. Тие го повикаа од Барселона и го прашаа дали понудата навистина постои”.

Барса, наводно, ја сметала понудата сериозно, а Кук посочува дека има информации дека може да се постигне договор.

За среќа за Барселона Меси не замина. Тој испиша историјата на каталонскиот клуб и стана еден од најдобрите фудбалери на планетата досега.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.