SportM
Фудбал

Манчини: Малку страдавме на почетокот, но момците реагираа добро, создадоа шанси и постигнаа гол

SPORTM.mk6 окт 2026
Манчини: Малку страдавме на почетокот, но момците реагираа добро, создадоа шанси и постигнаа гол

Роберто Манчини изрази задоволство по втората последователна победа против Турција на Винченцо Монтела, резултат кој ја подигна Италија на второто место, по Франција, надминувајќи ја Белгија: „И покрај промените, сите беа уморни. Малку страдавме на почетокот, но момците реагираа добро, создадоа шанси и постигнаа гол. По голот за 1-1, успеавме повторно веднаш да преминеме во водство. Бидејќи беше четвртиот натпревар во краток период, навистина беше добро издание“.

За промените во формацијата: „Беше неизбежно да изгубиме нешто во тековноста и автоматизмите. Знаевме дека ќе се случи и беше сосема нормално“. За замените: „Двајца играчи добија жолт картон и судијата ми изгледаше склон да ги казни повторно, така што ги сменив“.

За Романо, кој играше како централен играч за врска: „Тој може да игра многу добро и како ‘межала’. Само му е потребно да ги игра овие натпревари за да продолжи да се подобрува“. За направената работа: „Билансот е повеќе од позитивен. Треба да продолжиме по овој пат. Сега ќе ги видиме ноемвриските натпревари, што со голема веројатност ќе ги играме во Белгија“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.