SportM
Фудбал

Манчини си помири со поразот: Мора да да ги прифатиме критиките кои ги заслуживме

Д М26 мар 2022
Манчини си помири со поразот: Мора да да ги прифатиме критиките кои ги заслуживме

Селекторот на Италија, Роберто Манчини беше мета на критики по шокантниот пораз од Македонија.

Италијанецот по се изгледа се помири со поразот, тој изјави дека мора да ги прифатат критиките кои ги заслужија.

„Минатото лето се радувавме. Бевме европски шампиони и со големо задоволство ги прифативме пофалбите. Сега мора да бидеме доволно силни за да ги прифатиме критиките кои ги заслуживме“, изјави Манчини.

Македонија во вторник за прв пат во историјата има шанса да се пласира на Светско првенство, последна пречка за пласман на Мундијалот е репрезентацијата на Португалија, натпреварот се игра на стадионот „Драгао“ со почеток во 20:45 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.