Мане: „Роналдо и Меси се чудовишта“
Д М3 ное 2019

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане е несомнено еден од најдобрите на планетата.
Сенегалецот му донесе победа на „црвените“ над Астон Вила со гол и асистенција, додека гласините за златна топка се засилуваат.
Тој смета дека сè уште е далеку од Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
„Тие се чудовишта. Мислам дека сè уште сум далеку од нив. Како што реков, ќе сторам се што можам за да им се приближам“, рече напаѓачот на Ливерпул.
Мане одлично се снајде, откако минатата сезона ја освои Лигата на Шампиони со Ливерпул, стигна до финалето на Африканскиот куп и имаше фантастична сезона во Премиер лигата. Тој самиот не се смета за освојувач на Златната топка.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



