SportM
Фудбал

Мане среќен што Ливерпул го победи Сити, па објасни зошто не го гледал натпреварот

Д М17 окт 2022
Мане среќен што Ливерпул го победи Сити, па објасни зошто не го гледал натпреварот

Синоќа Ливерпул го победи Манчестер Сити со 1:0 во големото дерби на домашен терен.

На „Енфилд“ гледавме уште еден одличен натпревар помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити, а на крајот „црвените“ имаа повеќе причини за славење, бидејќи успеаја да победат.

Дефинитивниот момент на синоќешниот натпревар се случи во 76. минута кога Алисон испрати брилијантна долга топка за Мохамед Салах кој успеа да го измами Кансело и на крајот да го постигне голот за победа.

За Ливерпул ова е исклучително важна победа по лошиот старт на сезоната и показател дека тимот на Јирген Клоп полека се враќа во старата форма.

На почетокот на сезоната јасно се почувствува отсуството на Садио Мане кој летово го напушти клубот и се пресели во Баерн, а јасно е дека му требаше време на Клоп да ја најде вистинската замена за него.

Сепак, се чини дека работите конечно си доаѓаат на свое, иако на Клоп не му е лесна задача да замени играч како Мане, кој покрај Салах беше предводник на овој тим.

Мане моментално игра во дресот на Баерн и синоќа беше стрелец во големата победа против Фрајбург (5:0).

Натпреварот Ливерпул – Сити започна во 17:30 часот, додека мечот во Минхен помеѓу Баерн и Аугсбург започна два часа подоцна. Сепак, Мане по натпреварот објасни зошто не го гледал натпреварот на својот поранешен клуб.

Среќен сум поради момците што успеаја да го победат Манчестер Сити. испрати порака за поддршка до своите поранешни соиграчи.

„Имам голема верба во тој тим и тренер дека можат да се вратат на самиот врв и сигурен сум дека ќе го направат тоа“.

Ливерпул веќе го очекува нов премиерлигаш во среда кога повторно ќе гостува на „Енфилд“, а овојпат ќе им гостува Вест Хем.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.