Мане затекнат од прашањето на новинарот: „Не сум вистинската личност да зборувам за него“

Садио Мане неодамна дојде во Баерн откако беше доведен од Ливерпул како голема ѕвезда на летниот преоден рок.
Сенегалскиот репрезентативец несомнено ќе биде од големо значење во играта и резултатите на Баварците, но сега во Минхен се чека конечната одлука во случајот со Роберт Левандовски и дали Полјакот ќе остане или евентуално ќе се пресели во Барселона бидејќи претходно одби нов договор со германскиот шампион.
Еден од германските новинари го праша Мане за ситуацијата на Левандовски и дали мисли дека треба да остане во Баерн или да замине во Барселона.
„Не сум вистинската личност да зборувам за него и за тоа што клубот треба да направи сега. Нема сомнеж дека Роберт Левандовски е еден од најдобрите напаѓачи во светот“, изјави Мане.
Во средата германски „Билд“ објави дека Барселона упатила трета понуда за Левандовски. Каталонците во предлогот ја споменаа можноста на Баерн да му исплатат 40 милиони евра плус бонуси во висина од пет милиони евра.
Според германските новинари, ова може да биде чекор напред во преговорите. Понудената сума на трансферот веќе се приближува до 50 милиони евра, што е лимитот што можат да го прифатат во Минхен. Сега може да има средба на претставници на двата клуба и конкретни разговори за трансферот.
Барселона е решена да остане на таа понуда, а се чини дека Баерн ќе биде целосно прифатлив за неа.



