Connect with us

Фудбал

Марадона доби споменик на стадионот на Наполи

Споменикот на Марадона во природна големина ќе биде откриен на 28 ноември на стадионот во Неапол што го носи неговото име, само три дена по годишнината од неговата смрт.

Споменикот ќе биде претставен пред натпреварот од Серија А против Лацио. Ќе прошета по атлетската патека на стадионот, за да го видат сите. Неговото постојано место ќе биде во рамките на стадионот, објавија италијанските медиуми.

Споменикот е донација од пријателот на Марадона, Стефан Цечи, а направен е со техника на 3Д печатење.

Диего Марадона во Неапол има божествен статус и само неколку дена по неговата смрт во ноември минатата година, стадионот на кој настапува Наполи го смени името, од Сан Паоло во Диего Армандо Марадона.

Тој играше за Наполи од 1984 до 1991 година и му донесе на клубот две титули во италијанскиот шампионат, еден домашен Куп и Куп на УЕФА.

Реклама

Facebook

Реклама