SportM
Фудбал

Марадона не почина од срцев удар, обдукцијата покажа која е вистинската причина

Д М26 ное 2020
Марадона не почина од срцев удар, обдукцијата покажа која е вистинската причина

Фудбалскиот свет е во шок од вчера откако беше објавено дека Диего Марадона починал.

Марадона почина во својот дом, а веста се прошири низ целата планета со неверојатна брзина.

Целиот свет беше во шок откако беше објавено дека Марадона починал, а многумина се надеваа дека станува збор за лажни вести. Но, за жал, наскоро пристигна потврда дека Марадона починал.

Аргентинските медиуми ги објавија и резултатите од обдукцијата, која траеше повеќе од три часа. Првично беше објавено дека тој починал по срцев удар, но сега е потврдено дека тоа не е точно.

Аутопсијата покажа дека причина за смртта е белодробен едем, што доведе до срцев удар. Утврдено е дека срцето на Марадона е зголемено и слабо и дека е потешко да се пумпа крв во остатокот од телото и дека легендата едноставно нема спас.

Исто така, беше потврдено дека во тек е токсиколошка анализа за да се покаже дали во телото на Марадона има алкохол или каква било наркотична дрога за време на неговата смрт.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.