SportM
Фудбал

Марио Балотели „полуде“: Оние кои ме критикуваат се глупави …

Д М27 мај 2019
Марио Балотели „полуде“: Оние кои ме критикуваат се глупави …

Марио Балотели нема да остане во Марсеј.

Неговиот шестмесечен договор со францускиот гигант истеќе а италијанецот најави дека нема намера да остане во клубот.

Балотели доби голема критика за неговите игри. Тој беше особено незадоволен од фактот дека не сакал да се врати во одбрана.

Се разбира, италијанскиот напаѓач имаше подготвен одговор на сè и јасно им кажа на критичарите дека се глупави.

„Оние кои ме критикуваат поради тоа што не се враќам во одбрана, се глупави. Требаше да знаат кога дојдов дека никогаш не сум бил како Карлос Тевез кој работи апсолутно се што е на теренот“, рече Балотели.

Италијанецот во дресот на Марсеј постигна осум гола оваа сезона, но неговиот престој во овој тим заврши неславно затоа што доби црвен картон.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.