Марка: Мануел Пелегрини има нов клуб

Поранешниот тренер на Реал и Манчестер Сити, Мануел Пелегрини е на работ на нов ангажман.
Чилеанецот нема работа од разделувањето со Вест Хем во декември 2019 година. Оттогаш, неговото име е поврзано со неколку клубови, вклучувајќи го и Фенербахче, но тој сè уште е слободен.
И токму тоа сака да го искористи шпанскиот прволигаш клуб Бетис, кој бара нов тренер по отказот на Рубио, а управата на клубот е убедена дека Пелегрини би можел да ги постигне поставените цели.
Преговорите, наводно, траат веќе неколку дена и се очекува Бетис само да ја официјализира соработката со повратникот во шпанскиот фудбал.
„Бетис одлучи да го довери својот амбициозен проект на Пелегрини“, пишува, меѓу другото, и почитуваната Марка.
Пелегрини треба да потпише двегодишен договор со Бетис, во тој случај тоа ќе биде негов четврти шпански клуб по Виљареал, Реал и Малага.



