SportM
Фудбал

Марка: Пјаниќ е последната жртва на Серхио Бускетс

Д М4 сеп 2021
Марка: Пјаниќ е последната жртва на Серхио Бускетс

Миралем Пјаниќ ја напушти Барселона и кариерата ја продолжува во турскиот гигант Бешикташ.

Искусниот 31-годишен играч за врска потпиша договор со тимот од Истанбул во чии редови ќе ја мине оваа сезона.

Фудбалерот го напушти каталонскиот гигант по само една сезона. Играше 30 пати за клубот, но Роналд Куман не му даде вистинска шанса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Busquets (@5sergiob)

Мадридскиот весник Марка, сепак, тврди дека причината зошто Пјаниќ не играл премногу е капитенот на клубот Серхио Бускетс.

Позицијата на Пјаниќ на теренот ја држи шпанскиот репрезентативец и Марка се сеќава дека никој во ерата на Бускетс не стана славен во Барселона.

Јаја Туре го напушти клубот во 2010 година токму поради Бускетс.

“Немаше да го напуштам клубот ако не беше Бускетс. Тој е врвен играч, но јас не сакав да седам на клупата”, изјави Туре во 2010 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miralem Pjanić (@miralem_pjanic)

Потоа дојде Хавиер Маскерано кој заврши како стопер, Алекс Сонг не покажа ништо, а производите на школата на Барса, Серги Сампер и Ориол Бускетс брзо исчезнаа од мапата.

Пјаниќ сигурно ќе биде предводник на средниот ред на Бешикташ и напуштањето на Барселона е вистинскиот потег за него.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.