Марка тврди дека се подготвува спектакуларен трансфер на Мбапе

Мадридскиот весник Марка денес објави дека Ливерпул ќе го земе Килијан Мбапе.
Марка пишува дека ова е „лоша вест за Реал Мадрид“, бидејќи Кралевите се сметаа за главни фаворити за доведување на францускиот напаѓач.
Не е тајна дека Флорентино Перез долго време планираше да го донесе Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, а тој тоа сака да го направи по еврото. Сега во трката за играчот се вклучи и Ливерпул.
„Црвените“ наводно контактирале со Парижаните за да им дадат до знаење дека имаат намера да го откупат договорот на Мбапе и имаат намера да се борат за неговиот потпис колку што е потребно.
Ливерпул ќе мора да продаде еден од двајцата одлични напаѓачи, Садио Мане или Мохамед Салах, за да добие финансиски средства да му плати на ПСЖ за Мбапе.
Мбапе моментално е фокусиран на ЕУРО-натпреварите и се подготвува за дуел со Швајцарија во понеделник во осминафиналето, но тој сигурно барем малку размислува за својата иднина и ќе мора да донесе голема одлука во следните недели.
22-годишниот Французин минатата сезона одигра вкупно 47 натпревари во дресот на ПСЖ и постигна 42 гола со 11 асистенции.



