Маркињос: Ако против Борусија треба да се игра зад затворени врати, најдобро е да се откаже

Бразилскиот дефанзивец Маркињос зборуваше за можноста за реванш од 1/8 финале во Лигата на шампионите помеѓу неговиот ПСЖ и Борусија Дортмунд играјќи зад затворени врати.
После победата над Дижон, Маркињос кратко им кажа на новинарите што мисли за мечот со Борусија Дортмунд кој може да се игра прен празни трибини.
„Навистина би било срам. Ако би играле зад затворени врати, мислам дека ќе биде подобро натпреварот да биде откажан затоа што сакаме нашите навивачи да бидат присутни, исто како Борусија Дортмунд”, изјави Маркинхос.
„Се надевам дека тоа нема да се случи. Доколку се донесе одлука, мислам дека ќе бараме да се откаже натпреварот за да можеме да играме пред навивачите“, додаде Бразилецот.
ПСЖ загуби од Дортмунд со 2:1 во првиот натпревар, а реваншот се игра за околу десетина дена.



