SportM
Фудбал

Марсеј „побрз“ од Јувентус: Младата надеж на бразилскиот фудбал го засили францускиот тим

Д М25 сеп 2020
Марсеј „побрз“ од Јувентус: Младата надеж на бразилскиот фудбал го засили францускиот тим

Младиот 18-годишен бразилски фудбалер Луис Хенрике е ново засилување за Марсеј.

Францускиот клуб потврди дека потпишал договор со младиот Бразилец, за кој бил заинтересиран и Јувентус.

Според француските медиуми, фудбалерот кој одигра само девет натпревари за првиот тим на Ботафого, потпиша петгодишен договор со Марсеј.

Бразилскиот тим ќе инкасира 12 милиони евра, а не е познато колку ќе заработува младиот фудбалер.

Да потсетиме, Марсеј во овој преоден рок ги донесе Папе Гуеја од Ватфорд, Леонардо Балерди од Борусија Дортмунд и Јута Нагатому од Галатасарај.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.