SportM
Фудбал

Марсело на пат кон Јувентус

Д М29 окт 2019
Марсело на пат кон Јувентус

Бразилскиот лев бек би можел да му се придружи на неговиот поранешен тимски колега Кристијано Роналдо.

Бразилецот Марсело би можел да го напушти Реал Мадрид во јануари, евентуално на крајот на тековната сезона.

Левиот бек го бара Јувентус по слабиот старт на неговата сезона.

31-годишниот играч е дел од Лос Бланкос веќе 12 години, а неговата форма започна да опаѓа.

Марсело не успеа да се вклопи во левото крило со засилување на Еден, Азар.

Според медиумот „Дон Балон“, бразилскиот репрезентативец би сакал да му се придружи на неговиот пријател, Кристијано Роналдо во Јувентус.

Сепак, Марсело е баран и од други европски клубови.

Останува да се види дали дефанзивец ќе го напушти Мадрид оваа зима или следното лето.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.