SportM
Фудбал

Марсело: Нема поголем Мадридиста од мене

Д М24 окт 2018
Марсело: Нема поголем Мадридиста од мене

Пред неколку дена имаше информации дека бразилскиот фудбалер Марсело поднесе барање за трансфер во Јувентус.

Се шпекулираше дека Марсело останаа незадоволни поради заминувањето на Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан, но Бразилецот го демантираше тоа и кажа дека не размислува за трансфер.

“Не е точно дека сакам да го напуштам Мадрид, ниту слушнав за таква понуда. Никој не е поголем Мадридиста од мене”, кажа Марсело во микс зоната по натпреварот Реал Мадрид и Викторија Плзен во Лигата на шампионите.

Оваа 30-годишниот лев бек е член на Реал Мадрид од 2007 година и со својот тим, во неколку наврати освои буквално се што имаше да се освои. Претходно играше во татковината за Флуминенсе.

Марсело на средба со Викторија доживеа мала повреда поради која може да го пропушти Ел Класико кој е закажан за во недела од 16:15 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.