Марсело заминува од Реал
Д М13 јан 2022

Искусниот бразилски дефанзивец Марсело на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.
33-годишниот дефанзивец пристигна во Реал во 2007 година за само осум милиони евра од Флуминенсе, но неговата авантура наскоро ќе заврши бидејќи му истекува договорот со „кралевите“.
За него се заинтересирани неколку екипи, но турскиот лидер Трабзонспор оствари контакти и не е исклучено да обезбеди големо засилување.
Турците стапиле во контакт со играчот и неговиот агент и испратиле официјална понуда, а преговорите ќе продолжат во наредните недели.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



