Мартинез му одговори на Барса и на Манчестер Сити: Интер е мојот дом
Д М5 дек 2019

Лаутаро Мартинез им стави до знаење на Барселона и Манчестер Сити дека нема намера да го напушти Интер, изјавувајќи дека синиот клуб е негов дом.
Мартинез експлодираше оваа сезона за Интер, постигнувајќи 13 голови на само 19 настапи, со неговите настапи ги натера клубовите како Барса и Сити да покажат сериозен интерес за него.
Но, аргентинската sвезда изгледа дека не е импресионирана.
„Интер е мојот дом. За мене овој клуб е многу важен. Навивачите ми се секогаш весели и тоа ми звучи фантастично“, рече Мартинез.
„Се обидувам да играм смирено и да покажам дека го заслужувам овој дрес. Сакам да им дадам на мојот тим и на моето семејство колку што можам повеќе“, додаде тој.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



