Connect with us

Фудбал

Мартинез: Во 2021 година ќе ја видиме најдобрата верзија на Азар

Откако беше позитивен на коронавирус, Еден Азар го пропушти собирот на белгиската репрезентација.

Сепак, селекторот на Белгија, Роберто Мартинез очекува дека Азар ќе има одлична 2021 година, откако годинава немаше многу среќа.

“Немавме среќа. Очекувавме да дојде, а самиот Еден со нетрпение очекуваше да одигра уште неколку натпревари за националниот тим оваа сезона. Тој немаше среќа. Мислам дека следната година ќе биде многу добра за него и за нашата репрезентација”, изјави Мартинез и додаде:

“Тој е одлично расположен и сака да се врати во својата стара форма. Верувам дека ќе ја видиме најдобрата верзија на Еден Азар во 2021 година”, заклучи Роберто Мартинез.