Поврзи се со нас

Фудбал

Реал во проблеми околу напаѓачот пред важен натпревар

Во Реал, не можат да бидат среќни пред да го посетат Виљареал.
Имено, Лука Јовиќ не е во комбинација поради коронавирусот, додека првиот напаѓач Карим Бензема се повреди.

Бензема куцаше на тренинг вчера, па Зидан има причина да се загрижи.

Легендарниот Французин на располагање од напаѓачи го има само Маријано Дијаз, кој очигледно ќе добие шанса.

Во Реал планираа Јовиќ да го започне овој натпревар, а Бензема ќе одмори до мечот од Лигата на шампионите против Интер, сепак, кога пристигна резултатот за Јовиќ, сè се смени.

Реал на овој натпревар влегува од четвртата позиција, додека Виљареал е на второто место и се очекува отворен и квалитетен натпревар.

Евентуална грешка на кралевите веројатно повторно ќе ја разниша клупата на Зидан

loading...

Facebook