Матијс де Лихт пред потпис

Фудбалерот на Јувентус, Матијс де Лигт (22) наводно е многу блиску до потпишување нов договор со Јувентус.
Одличниот дефанзивец пристигна во Торино во 2019 година од Ајакс. Тој беше платен 85 милиони евра и е обврзан со договорот до 2024 година.
Често се пишуваше за неговото напуштање на клубот. Како негова нова дестинација се споменуваше Барселона, но од заминувањето најверојатно нема да има ништо.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Де Лихт започнал преговори за нов договор со Старата дама на дополнителни две години.
На Де Лихт му била понудена годишна плата од осум милиони евра, плус четири милиони евра, кои може да се добијат преку одредени бонуси.
Два од четирите милиони од бонусот се лесно остварливи и неговата нова плата е буквално 10 милиони евра по сезона.
Извесно е дека 22-годишниот дефанзивец ќе ја продолжи соработката со торинскиот гигант за кој одигра точно 100 натпревари на кои постигна шест гола.



