Мауро Икарди има своја желба, но ПСЖ се прашува

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди сака да остане во Галатасарај и по завршувањето на позајмицата за оваа сезона.
Со доаѓањето на Лукас Кампос и Кристоф Галтие во Пари Сен Жермен одредени играчи меѓу кои и Мауро Икарди беа окарактеризирани како „непожелни“ и за нив мораше да се најде решение.
Во случајот на Икарди, токму Галатасарај се фокусираше на големите ѕвезди на европскиот фудбал, па во Истанбул ги доведоа и Дрис Мертенс, Лукас Тореира…
„Навистина сакам да останам во Истанбул. Бев со најдобрите играчи во светот во Париз, но не чувствував ништо на улица. Овде е поинаку. Чувствувам голем интерес за мене“, рече Икарди .
Аргентинецот, чија романса со Ванда Нара многу влијаеше на неговата кариера, на 17 натпревари во турскиот шампионат има постигнато 10 гола и има седум асистенции. Тоа не е лоша изведба.
Сепак за се ќе биде прашан Пари Сен Жермен со кој Икарди има договор до 2024 година. Имено, тој би можел да биде дел од некој од трансферите кои овој клуб планира да ги направи во текот на летото, па прашање е дали ќе му се оствари желбата да остане во Истанбул. Но, можеби со овие зборови сакаше да им испрати порака на Галатасарај да тргнат во напад за неговиот потпис.



